Урнебесен инцидент привлече внимание во јавноста, па се јавија различни пародии на тема превртувањето на украинскиот тенк.
Групата украински војници доживеаа мала сообраќајна незгода кога со нивниот тенк се превртеа и излетаа од патот. Оклопното возило се движеше со голема брзина, па Украинците не успеаа да го исконтролираат, а за причините на несреќата и понатаму се шпекулира.
На интернет се појави снимка на која е претставен моментот кога тенкот излета од патот. Војниците почнаа со пцовки, прашувајќи се дали сите од возилото преживеале и дали се чувствуваат добро. Сите се извлекоа без повреда, но продолжија со возењето внимателно.