Што се има Македонија – земја со чиста вода, здрави билки – ќе читаат за нас во светот


Драган Јованов, лице кое секојдневно го гледаме на ТВ екраните како говори за лековитите растенија и здравиот начин на живот, беше побаран од повеќе светски издавачки куќи да пишува и да издава книги за нив. Ја прифатил понудената сорботка од најголемата и најдобрата германска издавачка куќа LAMBERT Academic Publishing.

dragan jovanov1Јованов на нивно барање ја напишал книгата ,, Водите во Република Македонија како бизнис екосистем, нивната рационална употреба и заштита ”, а официјално книгата беше издадена пред некој ден. Во книгата станува збор за целокупните водни ресурси со кои изобилува Република Македонија, за природните ресурси, неискористени потенцијали, за многубројните поволности на оваа земја чие тло и те како е погодно за инвестирање во насока на подобрување на веќе воспоставениот хидросистем, бидејки придобивките од тоа би биле навистина големи. Книгата е издадена на англиски јазик, пласирана во повеќе од 40 земји меѓу кои САД, Австралија, Канада, Холандија, Кина, Русија, Франција, Шпанија, Шветска,  Велика Британија и повеќе од 30 други земји ширум светот. Книгата е дистрибуирана и достапна во повеќе од 267 книжари, светски универзитети и национални библиотеки.

Од интервјуто со него дознаваме :

dragan jovanovЧесто зборував за значењето на водата, природните убавини на оваа земја кои навистина  може и те како добро да бидат искористени, сакав цел свет да слушне за Македонија, сакав секој да  биде запознаен со водните капацитети на Македонија сакав детално да објаснам и потенцирам за се што се наоѓа во Македонија и може да се класифицира како воден извор. Мојот сон и животна цел е да им дадам до знаење на луѓето низ целиот свет дека имаат голема причина да дојдат и да ја посетат оваа прекрасна наша земја, дека ние сме одлично тло и за ивестиции и дека доколку некој сака да инвестира имаме позитивна бизнис клима и отворени сме за соработка во таа насока.

Самиот факт, самото знаење и познавање на она што го поседува Македонија не ми дозволуваше да останам рамнодушен кон богатството на ова тло, па така се усмерив на додипломски, посдипломски и докторски студии од областа на природните науки, со цел да го стекнам потребното знаење како и да дадам свој придонес во откривање на нови ресурси и неискористени природни богатства на Македонија,  во таа насока започнав и со своја научно истражувачка дејност со цел лично и практично да осознаам за капацитетот, природните ресурси и нивните ефектите во Македонија, но и надвор од нејзините граници.

Природата е поголема и помоќна од сите нас. Многу побрзо една работа може да ја создадеме на вештачки начин одошто на природен начин, но што е потрајно ?  Колку време е потребно  да ја загадиме водата истурајки детергенти и отровни материи во неа, а колку време, пари и напор ни се потребни да ја прочистиме водата ? Ја повикувам секоја свесна индивидуа да си ги постави овие прашања на себе. Неопходно е да ја кренеме свеста на размислување на луѓето дека е неопходно да го заштитиме и негуваме се она што ни е дадено од страна на природата.

Screenshot_64Во иднина сум во план да посветам внимание и да го акцентирам делот за природните растенија како извор на живот и долговечност. Ќе им дадам една поинаква слика на луѓето низ светот за Македонија и ќе им претставам еден посебен дел од нејзината природна убавина, дел од кој многу зависиме ние и идните генерации. Па за понатаму нека ја познаваат Македонија како земја која е извор на здравјето, бидејки Македонија ги  поседува сите потребни лековити растенија и билки со чија употреба  еден човечки биолошки систем би имал капацитет и можност да се трансформира во систем на самоодржување, бидејки за тој  што презема превентивни мерки, никогаш не е доцна да се справи со било какво заболување. За да створите се друго во животот , за да уживате во се она што ви го нуди современието и она што не опкружува, прво мора да се погрижите за својата здравствена состојба. Само здрав човек е и среќен човек.

Со огромно задоволство ќе зборувам и ќе пишувам и понатаму за се она што го имаме, чест и гордост ми е што сум Македонец и што сум се родил на ова тло. Чувствувам одговорност да допридонесам за подобрување на природната егзистенија на луѓето во Македонија, да го зголемам човековиот век, па и ние како нашите предци да живееме долго.

Во однос на книгата, во тек е процесот на издавање и за во Македонија, ќе се погрижам да биде достапна и тука, на нашиот мајчин јазик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1