Убиството на опозицкиот политичар Борис Немцов кој е убиен додека се движел по московскиот мост Бољшој Камени, што се наоѓа во центарот на рускиот главен град, недалеку од Кремљ, предизвика големо негодување. Сите веднаш со прст покажаа на Кремљ како наредбодавател, без оглед на тоа дали има некаква врска или нема. Токму тоа е загрижувачко, се сложуваат многу луѓе од рускиот град.
Според најновите податоци, падот на БДП во оваа година изнесува 3,2 посто. Немцов дојде како „кец на десетка“ за додатна ескалација на политичката напнатост. Затоа на неколку дена „исчезна“ и рускиот претседател Владмир Путин, што додатно ја вознемири Русија и предизвика лавина разновидни теории на заговор. Сите се прашуваа каде е Путин, а се останато падна во втор план.
Московскиот дневен лист Комерсант извади вест дека од Русија „на одредено време“ заминува една од најпознатите руски селебрити, актерка и ТВ ѕвезда, атрактивна и активна припаничка на опозициската сцена, некогашната руска Парис Хилтон, најпознатата старлета која во последнава година политички созреа – Ксениа Собчак. Имено, со своето појавување на големиот антипутиновски протест во Москва токму Ксенија заедно со уште три личности од тој свет покажа дека се приклучуваат на луѓето кои имаат што да изгубат како и оние кои и понатаму можат да уживаат во благотетите на златниот кавез.
Ксенија Собчак (33) се шета во друштво на телохранители поради нејзината безбедност.
– Ќе заминам од Русија на некое време“, рекла Ксенија
Имено, на погребот на Борис немцов некој непознат маж и пришол и рекол: „ Внимавај Ксенија ти си следна“, поради што Путин наредил да не и фали влакно на главата.