Мефаил Исмаили, новинар кој до пред неколку месеци работеше во вториот канал на Македонската радиотелевизија, на својот фејсбук профил коментира дека околу 200 хонорарци во МРТ со месеци ги чекаат своите надоместоци, објави А1 он.
„МРТВ со плаќање на граѓани (преку радиодифузна такса) e најголем должник кај новинарите!
Не можам да сфатам како раководителите на МТВ бесрамно, без душа и без лице, имаат храброст да играт со нервите и животот на стотина вработени, со неисплаќање на нивните плати и хонорари. Дури и играат со животот на вработените преку хонорарен договор и преку Агенцијата за привремени вработувања, лажејќи ги дека ќе ги земат хонорарире денес-утре, оваа или другата недела, овој или другиот месец. Директорите играат и со животот на семејствата на овие вработени кои не земале плата од 3 до 6 месеци.
Но има и друга можност, тие кои минатиот месец добиле решенија за работа, да не ги бараат платите за минатите 6 месеци во кои работеа секој ден!!!
На тие што имаат семејство, им посакувам, што побргу да излезат од КОШМАРОТ на чекање на моментот на земање на нивните плати, со што ќе имаат и пари за да носат парче леб дома. А на директорите кои земаат по 1000 евра плата… Господ да им го чува умот…
MРТВ, која е институција со државен буџет од 20 милиони евра годишно, на околу 200 вработени како хонорарци и преку Агенцијата за привремени вработувања „СПИД“, им должи 3 до 6 плати!!! Почитувани колеги, само јас можам да ве разбирам. Господ нека е со вас, бидејќи ЗАСРАМЕНИТЕ ОД ГОСПОД, НЕМААТ СРАМ И ДУША!!!“, пишува Исмаили.