Еве како лимонот да остане свеж еден месец


Ако не планирате да ги искористите сите купени лимони за брзо време, откријте како тие да останат свежи цел месец.

Сите сакаме да го чуваме лимонот во некој сад на масата во собата или кујната, затоа што едноставно е убав дури и како декорација. Но таквото чување на лимонот не е најдобар начин да ви остане свеж. Готвачите од „Cook’s Illustrated“ тестирале кој е најдобар начин да го сочувате лимонот свеж.limun_jes

Кај нас е, нормално, на пример, доматот, кромидот па дури и компирот да се чуваат во фрижидер, иако можеби за секој зеленчук тоа не е идеалното место за чување. Од друга страна, лимонот ретко го чуваме во фрижидер, бидејќи најчесто е изложен надвор од него, на погрешно место.

После седум дена на собна температурата лимонот се стврднува и тешко е да се исцеди сокот од него. Покрај тоа, чувајќи го на тој начин, тој ги губи свои драгоцени вредности. Но, решение постои и е многу едноставно.

За да им го продолжите рок на траење на лимоните, и нивната мекост и сочност, и тоа до еден месец, најдобро е да ги чувате во фрижидер, во затворена пластична кеса, која ќе ги одржи свежи значително долго време.

Па така, ако не планирте купените лимони да ги искористите за 5 дена, најдобро е веќе сега да ги ставите во фрижидер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1