За младите секој трет викенд бесплатно патување со воз


Од денеска младите до 27-годишна возраст секој трет викенд во месецот ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Проектот го реализира Агенцијата за млади и спорт во соработка со Македонски железници – Транспорт.

– Сакаме дополнително да го промовираме и да го актуализираме проектот со којшто се овозможува на сите млади лица до 27 години во Република Македонија секој трет календарски викенд во месецот бесплатно да го користат железничкиот сообраќај. Денеска на мое големо задоволство со огромен број на млади лица ќе одиме во Велес да испиеме кафе, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески.

vozzz500

Тој упати порака до сите млади луѓе во Македонија да го користат бесплатниот викенд во железничкиот сообраќај без разлика дали ќе одат на кафе во Битола на Широк сокак, дали ќе посетат кошаркарски натпревар во Гевгелија или, пак, ќе го посетат новиот театар во Велес.

Според директорот на Македонски железници – Транспорт, Никола Костов, интересот на младите за користење на железничкиот транспорт е огромен.

– Оваа кампања ќе ја продолжиме и понатаму во текот на цела година, а ќе се однесува и за една школска, младинска и детска кампања. Вториот дел од кампањата ќе биде онаа спортска и културна кампања се до оној момент додека ги добиеме новите патнички возови, рече Костов.

Агенцијата за млади и спорт досега го реализира проектот „Слободен четврток“ со кој студентите секој четврток бесплатно го користеа јавниот превоз, жичницата на Водно и сите културни институции. Во соработка со Министерството за култура се обезбеди 50 проценти попуст за младите во сите културни установи, а со Македонски железници 50 отсто попуст за ученици и студенти за користење на железничкиот транспорт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1