Ким Мехмети преживеал инфаркт


Публицистот Ким Мехмети преживеал срцев удар што го доживеал во текот на неделава. Тој бил хоспитализиран во приватна болница во Приштина, пренесува МИА

Мехмети кој ударот го добил во средата по едно предавање на Унивезитетот во косовскиот главен град најпрво се двоумел да замине за Скопје или Тирана, но на крај одлучил да се лекува во Приштина.kim_mehmeti

Мехмети вели дека се чувствува многу добро, дека не зажалил за таа своја одлука и оти е презадоволен од услугата и третирањето во приватната болница „Медицина“.

За состојбата на Ким Мехмети за медиумите зборувал и лекарот специјалист од болницата, Цем Багдатли. Тој рекол дека состојбата на Мехмети е стабилна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1