Србија: Имал одрон во дворот – открил скелет на мамут стар 10 милиони години


При одрон на земјиште во двор на куќа во Блаце било откриено палеонтолошко наоѓалиште и скелет на мамут, јавува Б92.

Експертите на Природонаучниот музеј од Белград Зоран Марковиќ и Зоран Миливојевиќ, кои го посетиле наоѓалиштето, изјавиле дека на тоа место било откриено палеонтолошко наоѓалиште уште во 1996 година и дека тука веќе се најдени остатоци од праисториски животни, стари повеќе од 10 милиони години.mamut srbija

„Сега се пронајдени делови од бутната коска и карлицата на мамут и штом временските прили ќе дозволат тие ќе бидат извадени од земјата“, изјавиле експертите од Белград.

Во општината Блаце се наоѓа и археолошкото наоѓалиште и споменик на природата Пребреза, кое се протега на речиси еден хектар и каде се пронајдени фосилни остатоци на цицачи кои повеќе не живеат на европскиот континент – зебри, антилопи, мастодонти и птици, кои се стари, како што се проценува, меѓу 10 и 16 милиони години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1