Врската помеѓу бракот и празникот на 40-маченици – младенци


Православната Црква на 22 март (9 март по стар стил) го одбележува споменот на 40-те севастиски маченици, ден кој меѓу народот е популарен како Младенци. На тој ден, според старата народна и црковна традиција, сопружниците (младенците) што стапиле во брак во текот на минатата година, во својот дом пречекуваат гости, кои им носат подароци и на тој начин тие им помагаат на брачниците во започнувањето на нивниот заеднички живот.crkva vencavka 2

Кое е значењето на овој празник и каква е неговата конекција со бракот? 

Според учењето на Црквата, има два пата за стекнување на смирението, т.е. на спасението. Има два начина за да се последува Христа: монаштвото и бракот. Христијанинот треба да одбере помеѓу овие две (сп. Мт 19,10-12), а третата опција – девство во светот, светоотечкото предание не ја препорачува како многу опасна. Монаштвото и брачниот живот претставуваат испитани експерименти, на кои ако сериозно им се пристапи, водат до Царството Небесно. И двата начина обезбедуваат поволна атмосфера за стекнување на смирението: монахот целосно се откажува од својата волја, предавајќи се на апсолутно послушание кон својот старец, а брачникот е постојано во ситуација да го лимитира своетојас, во полза на другиот.mladenciii

Патот на бракот е тежок по самата своја суштина, зашто да создадеш семејство – тоа значи да пуштиш друг човек во самата срцевина на својот живот, да живееш не само заради себе, да загубиш некаква автономија. Во таа смисла, секоја сериозна љубов, а уште повеќе бракот, се сродни на самоубиство: човекот престанува да живее за себе и во себе, и почнува да живее за другиот. Тоа е многу тешко и многу болно. И овде Црквата е чесна – затоа и таа говори, дека семејниот пат по себе е маченички. И при венчавањето врз главите на младите се полагаат токму маченички венци. vencanje

Но, од ова не треба да заклучиме дека брачниот живот е исполнет само со мачнини и болка. Споменатиот отец Александар во своите „Записи“ ќе напише: „Во бракот празничната радост на првиот ден треба да се продолжи на цел живот; секој ден треба да биде празник, секој ден мажот и жената треба да бидат нови и необични еден на друг. Единствениот пат за тоа е задлабочувањето на духовниот живот и на двајцата, работата над себеси.“[6] Значи, сѐ зависи од самите брачници; колку и да е среќен бракот, сепак, неминовни се оние ситуации кога секој од нив ќе мора да ја крши својата гордост, затоа што во брачната заедница нема место за егоцентризам.

Поуката на Младенци

Оние кои тргнуваат по патот на брачниот живот, а не се спремни да се принесат себеси како жртва, не се подготвени да го прифатат крстот во бракот и воопшто не пристапуваат сериозно кон него, подобро е да го послушаат советот на поетот: „Но, ако во својот страв барате само љубовен мир и љубовно уживање, подобро ви е да ја покриете голотијата своја и да заминете од гумното на љубовта, во светот без годишни времиња, каде ќе се смеете, но не со полна насмевка, и каде ќе плачете, но не со сите свои солзи.“

mistagogia.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1