Снег во пролет, одрони: Еве каде врне снег во Македонија и кои патишта се со одрони


Интензивни снежни врнжи во моментов се регистрирани на Попова Шапка. Слаб снег провејува во Маврово, а слаби врнежи од снег помешани со дожд има на планинските превои Стража и Ѓавато.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, по манастирите, поради одрон, се одвива по една коловозна лента во должина од 4-5 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.sneg pagja

Според ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за патнички моторни возила, а за тешки товарни возила е забранет. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во с.Којково, Кратово, е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај с.Неокази, соопшти АМСМ, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, каде е можна почеста појава на одрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1