Демократски сојуз нe излегува од коалицијата


Политичката криза да се решава во парламентот. Ова е предлогот на претседателот на на демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој демантираше било какво напуштање на владечката коалиција.

Тој останува на истиот политички курс. Нема да штити никого, и доколку се докаже вистинитост или одговорност околу аферите „Пуч“ и скандалот со прислушкуваните разговори кои ги објавува опозицијата секој од учесниците да одговара пред законите.pavle trajanov

Трајанов, сепак во своето обраќање по повод 15 години постоење на партијата посочи дека во Македонија сериозно е нарушен правосудниот систем.

Тој е зависен од политичко влијание и потребни се измени, доколку јавноста и граѓаните сакаат да видат било каква разрешница на случаите со прислушкување.

И во вакви услови, последниот збор ќе го имаат граѓаните, а според Трајанов, тоа е единствено можно само преку вонредни парламентарни избори.

Владиниот коалиционен партнер отворено зборуваше и за лошата економска состојба на граѓаните, лошите еконсмоки услови за фирмите, заминувањето на младите во странство, партизираност и лошо судство.

Странските ивестиции во земјата ги оцени како недостојни, а Македонија како земја на експлотацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1