Цената на нафтата на берзата на Њујорк се спушти на најниското ниво во последните 6 години, па така литар американска лесна нафта за испорака во април падна на 42,63 долари за барел, што е за 83 центи поевтино од претходниот ден. Ова е најниска цена по март 2009 година.
Она што е поинтересно за Македонија е лондонската берза врз основа на чии цени се формираат малопродажните цени во Македонија. На оваа берза северноморската нафта од типот брент забележа поевтинување и тоа за 14 центи, спуштајќи се на нивото од 53,37 долари за еден барел.
На денешната редовна седница на Регулаторната комисија за енергетика се очекува нова корекција на малопродажните цени на горивата во Македонија. Поради трендот на намалување на цените на нафтата на берзата во Лондон врз основа на чија цена се креираат и цените во Македонија, постои можност за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија.
Цената на нафтата на берзата во Лондон врз основа на која се формираа цените во Македонија претходната недела изнесуваше 58,5 долари за барел, а моменталната цена е за 5,2 долари пониска и изнесува 53,37 долар за барел.
Доколку цената остане на ова ниво и нема поголеми промени на курсот на доларот во однос на денарот, можно е поевтинување за околу 3 денари по литар?
При последните промени на цените, пред две недели, бензините поскапеа за 2,5 денари, а дизелот за половина денар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОПСУПЕР од 95 октани се продава за 67,5 денари по литар а 98 октанскиот за 69,5 денари по литар.
Дизелот во моментов се точи за максимална цена од 55,5 денари по литар.