Патничкиот авион „Ербас А320“, на компанијата „ЏерманВингс“, падна денеска во Алпите во јужниот дел на Франција.
Во несреќата загинаа 150 луѓе, а тоа не е прв несреќен случај на овој модел на авион кој имал фатални последици. Дури 789 лица загинаа во овие авиони.
Семејството на „Ербас“ авиони А320 кое ги вклучува моделите „A318“, „A319“, „A320“ i „A321“ од пуштањето во служба до април 2012 година имал 60 несреќи. Во тие несреќи загинале дури 789 лица. Дури 24 пати авионот бил целосно уништен.
Овој модел на авион беше претставен во 1984 година, а првиот лет го маше во февруари 1987 година. Превозот на патници започна 13 месеци подоцна.
Првата несреќа од моделите А320, кој се урна денеска во Алпите, беше на 26 јуни, 1988 година. Авионот A320-111, стар само неколку месеци, се урна во шумата зад пистата за слетување на аеродромот „Malhaus-Habšejm“. Тогаш загинале тројца од 136 патници.
Во текот на 2008 година, се случиле две несреќи во кои имаше и мртви.
Овој модел на авион е познат и по несреќата во јануари 2009 година, кога во авионот „US Ervejs“ на лет 1549 поради судир со јато птици и поради тоа што моторот откажал морал да слета на Њујоршката река Хадсон. За среќа, сите патници (155) успеале да се евакуираат од полупотоптеното летало.
Последната несреќа, пред денешната несреќа, се случила во декември 2014 година кога авион на компанијата „Индонезија ЕрАзија“ на летот 8501 се урна во Јаванско море. Таа несреќа уште се истражува.
Хронологија на несреќа од авионите А320:
A319
2002. America West Airlines let 556
2003. Northwest Airlines
2010. Azerbaijan Airlines let 75
2010. Wind Jet let 243
2013. British Airways let 762
A320
1988. Air France let 296
1990. Indian Airlines let 605
1992. Air Inter let 148
1993. Lufthansa let 2904
1998. Philippine Airlines let 137
2000. Gulf Air let 072
2001. Iberia let 1456
2005. JetBlue Airways let 292
2006. Armavia let 967
2007. TAM Airlines let 3054
2008. TACA let 390
2008. XL Airways Germany let 888T
2009. US Airways let 1549
2011. Gulf Air let 270
2012. Syrian Air let RB-501
2014. Indonesia AirAsia let 8501
2015. Germanwings let 9525
A321
2001. Aero Lloyd
2003. TransAsia Airways let 54
2010. Airblue let 202