Секоја мајка има своја единствена приказна за породувањето, но ова што ќе го прочитате во продолжение навистина е единствено и прилично ужасно.
Ерика Нигрели е 32-годишна учителка во Мисури сити во Тексас. Еден ден во текот на предавањето почнала да губи свест, па паднала на подот.
Учениците го повикале нејзиниот сопруг кој исто така работел во тоа училиште.
Иако брзо ја пренеле во болница, срцето на Ерика брзо престанало да чука. Сепак лекарите успеале да ја породат, три недели пред очекуваното, а во тој момент срцето на Ерика не чукало.
Дека животот пишува неверојатни приказни, доказ е она што се случило во продолжение.
Имено, оваа неверојатна мајка починала, успеала на свет да донесе бебе, а по некое време откако лекарите повторно и пришле, нејзиното срце продолжило да чука!
Се утврдило дека Ерика имала срцев дефект кој претходно не е забележан.
Денес Ерика функционира нормално, а нејзината ќеркичка се уште користи кислород поради траумите кои ги доживеала пред да се роди, но е во добро здравје.