Велики петок: Денеска не се чисти и работи – строг пост


На Велики Петок не се извршува божествена Литургија, а на часовите повторно се читаат евангелијата на неговите страдања. Вечерната (изнесувањето на плаштеницата) е посветено на погребувањето на Исус  и обично се извршува во средината на денот.

438px-Christ_Carrying_the_Cross_1580Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1