Од храна на свадба се затруле 170 гости


Иако свадбите би требало да бидат убави спомени, гостите од две свадбени прослави во Мачванска Митровица во Србија ќе ги паметат по масовно труење, пишува српски „Курир“.

Како што пишува весникот, најмалку 170 гости кои на 18. И 19. април биле на венчавка во свечената сала „Радосница“ се затруле со храна.hrana kelnerka

– На свадбите имало околу 750 гости, а иколу 170 од нив се пожалиле на тегоби. Од нив, најмалку 60 поминале со потешки стомачни проблеми и покачена телесна температура, вели извор за српски „Курир“ кој бил присутен на една од двете веселби.

Сеуште се чекаат резултатите од испитувањето, но извесно е дека до труење дошло поради лошо подготвената храна. Луѓето што ги правеле прославите ги носеле продуктите, но храната била подготвувана во „Радосница“, па се претпоставува дека приборот за послужување и подготвување на храната не бил чист и дека тоа е причина за масовното труење.

Во надлежниот Завод за јавно здравје од Сремска Митровица потврдиле дека била регистрирана епидемија со труење со храна кај учесниците на свадбените веселби.

Сопругата на сопственикот на „Радосница“ вели дека немало масовно труење, туку дека станува збор за стомачен вирус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1