Ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо


Минатиот понеделник веќе сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОСУПЕР 95 се точи по цена од 69 денари за литар. Бензинот со 98 октани ЕУРОСУПЕР чини 71 денар за литар, а дизелот се продава по цена од 54,5 денари по литар

Иако силниот долар во однос на еврото ја спушта цената на нафтата на светските берзи, сепак цената на сировата нафта минатата недела достигна највисока цена од почетокот на годинава.  На Лондонската берза цената на барелот веќе скокна за 60 центи и достигна 65,69 долари со што ја има највисоката вредност од 10 декември минатата година.  Деновиве, пак како што пренесува Франс Прес американската лесна нафта поевтини на 57,14 центи додека нафтата од типот Брент на берзата во Лондон, која ја увезуваат трговците во Македонија поскапи на 65,29 долари за барел.

benzin benziska mk3

Токму затоа од понеделник, македонските трговци на бензини очекуваат и нови повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика по Првомајските празници треба да ги утврди новите цени на горивата, при што се очекува значително поскапување на бензините, според некои неофицијални извори од 3 до 5 денари за литар.  Минатиот понеделник веќе сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар.

Dоколку се решите да наполните резервоар од 50 литри, по поскапувањето ќе платите 150 денари повеќе.

На цената на нафтата влијаат многу фактори, а еден од нив е покриеноста на побарувачката со понудата. Тоа е така бидејќи кога се очекува зголемена потрошувачка цената расте, а кога пак се произведува повеќе отколку што му треба на пазарот, цената паѓа. Најголеми светски производители се Судиска Арабија, САД, Норвешка и Русија. Саудиска Арабија останува единствениот светски фактор кој директно може да ја контролира цената на нафтата. САД пак се најголеми потрошувачи на нафта. Американците трошат двојно повеќе отколку што произведуваат, додека на Саудијците и Русите за извоз им останува повеќе од две третини од сопственото производството.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1