Студентски пленум на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа како специјалци влегуваат во читалната на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и насилно извлекуваат студенти под сомнение дека се демонстранти.
За ова извести и Студентскиот пленум и на својата фејсбук страница објави видеа на кои се гледа упадот на полицијата како и повредени студенти кои учеле во читалната
Грозоморна снимка од тоа како студентите беа брутално нападнати додека спремаат испити и колоквиуми. Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето! #НемаПравдаНемаМир
Posted by Студентски Пленум on Tuesday, 5 May 2015
Уште едно видео овој пат од последиците по нападот на полицијата во библиотеката Браќа Миладиновци. Невини студенти беа тешко ранети и раскрварени! Некој за ова мора да одговара! Нема да ви помине! #НемаПравдаНемаМир
Posted by Студентски Пленум on Tuesday, 5 May 2015
– На паркингот кај Зегин гореа контејнери, полицијата ја растеруваше толпата, дел од тие кои читаа во читалната излегоа да гледаат, полицијата тргна кон нас, влегоа во читална почнаа да влечат луѓе маси и столици… да викаат дали сме биле ние, да не тегнат да изглеземе, некои деца удираа и влечеа – вели студент кој учел внатре.
Еве што напишал друг корисник на Фејсбук:
Околу 23 00, желките од МВР упаднале во читалната Браќа Миладиновци на Партизанска барајќи учесници во протестите. Направиле ршум, девојки студенти губеле свест, дечки студенти јаделе пендреци.
По блицкригот, сите затекнати студенти биле построени пред читалната за извесен специјалец колективно да ги испрашува кои од нив се демонстранти и да не лажат дека учат пошо никој не учел у 23:00.