Полицаецот не им се приклучил на демонстрантите – еве што тој вели (Видео)


Самиот полицаец во изјава на вечерните вести на Сител вели дека од претпоставените старешини добил наредба да ги отворат металните огради за масата слободно да може да се движи во тој простор. Додава дека постапил по наредба која што е издадена од повисоките старешини и за која смета дека е негова должност.

policaecot500

-На редовна работа дојдов како одговорен за обезбедувањето и кога дојде до нарушување на јавниот ред и мир пред објектот Влада ние како одговорни го контролираме влезот и излезот на оградата која што е заштитна во вакви случаеви, значи во нарушен јавен ред и мир во поголем обем. Бидејќи масата беше многу агресивна и можеше да дојде до стампедо од претпоставените старешини добив наредба да ги отвориме металните огради за масата слободно да може да се движи во тој простор. Постапив по наредба која што е издадена од повисоките старешини и која сметам дека е моја должност, изјави полицаецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1