ЕВЕ НА ШТО ЛИЧЕШЕ СКОПЈЕ ВЧЕРА – ваков град ли сакаме? (Видео)


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, истакна дека во вчерашните насилни протести на најбрутален начин била нападната полицијата, а граѓаните беа сведоци и на најсрамниот чин на симнување и кинење на државното знаме на Република Македонија.

-Граѓаните на РМ во текот на вчерашниот ден и вечерта беа сведоци на насилни, агресивни демонстрации што резултираа со повредени полициски службеници, демолирање на возила, палење на контејнери, уништување на јавен имот  со што е предизвикана голема материјална штета. Граѓаните беа сведоци на брутална пади врз полициските службеници со бекатон плочки, со метални шипки, со камења. Граѓаните на Република Македонија синоќа беа сведоци на најсрамниот чин на симнување и кинење на знамето на Република Македонија од јарболите од страна на дел од демонстрантите на кои им пречат државните обележја, истакна Јанкулоска.sipki1-500

Во насилните протести повредни се 38 униформирани полициски службеници од кои 6 со сериозни повреди се хоспитализирани.

-Од протестантите 30 лица биле приведени, од кои двајца биле малолетни и по распитот биле пуштени. Дванаесет други лица кои учествувале во протестите се идентификувани и се трага по нив. До овој момент, едно цивилно лице се пријавило со повреди во ГОБ „8-ми Септември“ кое изјавило дека е физички нападнато пред Владата на РМ, истакна Јанкулоска.

Едно лице од оние што протестираа, додаде таа,  е однесено во Клинички центар на клиниката за Токсикологија во алкохолизирана состојба, по што е приведен во полициската станица.

Протестот, додаде таа, започнал околу 18:10 часот, кога пред објектот на Владата на РМ се собрале група од околу 50 лица,  на која набргу организирано и се придружиле други граѓани.

-Во еден момент неколку лица, од кои повеќето девојки се прекачија преку поставената заштитна ограда пред објектот, со намера да влезат во Владата. Следејќи го нивниот пример, голем дел од насобраните граѓани кои се наоѓаа зад оградите масовно почнаа да се прекачуваат доближувајќи се на десетина метри од влезната врата на Владата, каде се спречени да влезат.Во времето од 18:30 до 19:30 часот од страна на групата граѓани која се наоѓала на скалите иницирала повеќе насилни инциденти и го нарушила јавниот ред и мир. Во неколку наврати со бекатон плочи, камења, шишиња, јајца, домати и други предмети е фрлано кон кордонот од униформирани полициски службеници, како и објектот на Владата на РМ, а симнати се и државните знамиња од јарболите, појасни министерката.

Од страна на одговорен старешина, како што нагалси Јанкилоска, дадена е усна наредба кон собраната маса, мирно да се разотидат и да не го нарушуваат ЈРМ, но наредбата не е испочитувана и масата повторно почнала со фрлање на предмети. По ова од страна на униформирани полициски службеници е пристапено кон потиснување на масата и воспоставување на нарушениот ЈРМ, при што масата е насочувана по бул. „Св.Климент Охридски“ кон Соборен Храм, бул. „Партизански Одреди“ и бул. „Илинден“ во правец кон фонтана во Градскиот парк.

– Бидејќи од страна на организаторот  не се преземени потребните мерки за безбедно одржување на собирот, согласно со член 82 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи превземени се мерки и активности за пронаоѓање и приведување на учесниците во нередите.При потиснувањето на масата, на неколку локации на бул. „Илинден“ и бул. „Партизански Одреди“, од страна на масата се превртени и запалени десетина контејнери за смет, а при преземањето на мерките од страна на полицијата, повредени се повеќе УПС, оштетни се службени возила и приведени се лица, посочи Јанкилоска.

Оштетени се седум службени возила, а од полициската опрема оштетени се 22 штита, 5 шлемови, еден елек, штитник за нога и една радиоврска. Освен тоа нанесена е штета на фасадата на Владата на Република Македонија, но демолирани се и стаклата на еден приватен медиум, објектот на Радио Слободна Македонија.

-Единица за насилен криминал, во соработка со Основното Јавно обвинителство во Скопје, изврши службени разговори со приведените лица и од досега прегледаните видео записи утврдено е учество односно идентификувани се 12 лица кои учествувале во вандалските напади врз полицијата..-СВР Скопје продолжува со преземање на мерки и активности со цел идентификување и утврдување на други лица инволвирани во настаните, потенцираше таа.

Министерката апелираше до медиумите кои поседуваат снимки од вчерашните протести да ги предадат во МВР со цел полесно идентификување на насилниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1