Иванов ја прекина посетата на Москва, најавено е свикување на Советот за безбедност


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја прекинува својата работна посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот Кабинет.

Оттаму најавуваат дека ќе биде свикан и Советот за безбедност, по последните случувања во Куманово.

gjorgje ivanov

За актуелната состојба во Република Македонија претседателот Иванов утрово ги информирал Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Чешката Република, Милош Земан и останатите соговорници, со кои остварил средби во Москва.

Инаку, утрово претседателот Иванов во Москва учествуваше на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот, каде положи цвеќе пред споменикот на „Незнајниот јунак“ и присуствуваше на свечениот прием кој го приредипретседателот на Руската Федерација, Владимир Путин во Големиот дворец на Кремљ.

На средбата со претседателот Путин беше искажано заемно задоволство од континуираниот позитивен тренд во билатералните односи и соработката меѓу двете земји. На интерес на Путин, претседателот Иванов го запознал со актуелните политички состојби и со клучните предизвици со кои се соочува Република Македонија. Рускиот претседател Путин искажал загриженост за состојбите во Република Македонија. Исто така, било договорено политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Руската Федерација да продолжи во наредниот период, особено во насока на натамошно развивање на економските односи меѓу двете земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1