Во Куманово попладнево повремено се интензивираат истрелите од огнено оружје во правец од населбата „Тоде Мендол“, каде од рано изутрината е во тек полициска акција за разбивање вооружена терористичка група.
Дел од жителите постепено се повлекуваат од населбата, а општинските власти најавија максимална поддршка зависно од потребите. За попладнево е најавена вонредна седница на Советот на општина Куманово.
Пристапот до населбата „Тоде Мендол“ е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство.
Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.
Sitel.mk