Заев: Апелирам до граѓаните да го скротат гневот, убаво е протестите да престанат


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека доколку владејачката партија го организира своето членство во протести со кои ќе се обвини опозицијата за настаните во Куманово, на тој начин само ќе потврди дека тоа што се случува од утринава е сценарио на власта.

zaev

– Се надевам дека тоа не е така. Доколку е така, тоа е само потврда за мрачно сценарио коешто се подготвувало во Македонија. Опозицијата не е непријател на државата. Сите заедно мораме да бидеме насочени кон решавање на конфликтната ситуација којашто се случува во тоа маало во Куманово и секако сите заедно мораме да гарантираме безбедност и стабилност на државата. Се надевам дека не е сценарио. Но ако доаѓаат организирано членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ пред штабот на Социјалдемократскиот сојуз, коешто на ангро се шири на секаде, тоа е само потврда за некакво сценарио – изјави Заев.

Тој упати апели да се стопираат протестите низ Македонија кои започнаа во Скопје по објавените разговори за случајот со убиството на Мартин Нешковски.

– Апелирам до сите граѓани да ги скротат гневовите коишто ги имаат во душите, предизвикани од актуелните состојби во Македонија, соопштени преку доказите на опозицијата. Убаво е протестите да престанат иако беа самоиницијативно организирани и тоа го знаат сите многу добро. Во овој период и со мислите и со нашите мудри и паметни идеи, заедно сплотено сите граѓани, да придонесеме кон брзо решавање на оваа тешка состојба што не измачува сите во моментов и којашто е многу лоша за Македонија – рече Заев.

На прашањето дали и покрај се ќе се одржи протестот на 17-ти мај, тој одговори дека партијата дополнително ќе одлучува за тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1