Сами Укшини, т.н. командант Соколи еден од тројцата лидери на вооружената група кои се предадоа синоќа бил дел од прислушуваните и објавени разговори од страна на Зоран Заев, објави Алсат-М телевизија.
Во овој разговор Сами Укшини комуницира со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Разговорот нема ништо суштинско, но само покажува пријателските односи меѓу овие двајца.
Разговорот се одвивал на 28 февруари 2012 година. Од СДСМ велат дека не случајно избрале да го објават овој разговор на лидерот на ДПА и Сами Укшини и не ја исклучуваат можноста во следните денови да објават и други разговори меѓу нив.
Во продолжение ви го прикажуваме разговорот на двајцата кој го објави Алсат-М:
Кај си, како помина?
Како си, што правиш?
Само што дојде еден од моите другари да ти пренесе порака од еден твој роднина.
Аха.
Рече, претседателот изгледал многу добро.
Бев во Клан, во Косово.
Да, ти си бил таму, нам ни се јави тој роднината.
Е, ја видел!
Еве, да те слушне генералот.
Ајде.
Како си господине Мендух Тачи.
Како си Сами, добро, ти како си, дали си добро?
Добро, благодарам, како си по сообраќајката.
Добро.
Јас сакав да ти се јавам.
Да, ми кажа Енвер, благодарам многу.
Ти не ми се јави, јас не сакав да пишувам порака. Премиерот ми испрати СМС, многу е благодарен.
Благодарам и вам, реално вака стојат работите Сами, некои деца се збунети и почнале да зборуваат големи зборови. Глупости. Кога ќе дојдеш?
Од Демократската Партија на Албанците демантираат дека нивниот лидер Мендух Тачи разговарал со Сами Укшини, еден од командантите на терористите од Куманово, како што се тврди во разговорите објавени од СДСМ.
Во демантот се тврди дека објавениот разговор е дијалог меѓу Тачи и градоначалникот на општина Скендерај, Сами Луштаку.