Терористите поставиле мини во Диво насеље, во тек е деминирање


Акцијата во Диво насеље во Куманово заврши, но на повлекување терористите поставиле мини. Поради ова жителите на оваа кумановска населба уште не може да се вратат во своите домови, објавува Република.мк

– Нашите служби вршат деминирање, со цел да нема жртви. По завршување на деминирањето, може слободно да се вратите. Булеварот нека биле слободен. Можно е до вечер да се заврши деминирањето. Затоа Ве замолуваме, не вршете притисок. Работиме најбрзо што можеме – вели припадничка на МВР која им ја објаснува ситуацијата на жителите во Куманово.

Screenshot_184

Сепак Плусинфо јавува дека полицијата им дозволи на граѓаните да се вратат во своите домови во Дива населба. вест која граѓаните многу ги израздува и која ја дочекаа со воодушевување и со аплаузи, јави екипата на Плусинфо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1