Иванов: Сторителите скапо ќе платат!


На Македонија и се случува она на што предупредував уште пред неколку месеци во моето излагање на Советот за безбедност во Обединетите нации. Сторителите и сите инволвирани во овој терористички чин скапо ќе платат, за тоа што се обидоа да и го сторат на Македонија и нејзините граѓани рече претседателот Ѓорѓе Иванов по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Република Македонија.gjorgje ivanov

Иванов рече дека со членовите на проширениот состав на Советот имаат конкретни насоки за соодветно постапување, но и дополнително ќе заседаваат. Иванов, на почетокот на обраќањето изрази сочувство до семејствата на загинатите полицајци.

– Спречена е намерата за координирани терористички напади на различни локации во државата кои имаа за цел на предизвикување на сериозна дестабилизација. Со преземената акција, полицијата имаше за цел да спречи цивилни жртви. Заради ова беа претпени човечки и материјални загуби, рече Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1