Во денешната 33 прес конференција која се однесува на таканаречените „бомби“ опозицискиот лидер Зоран Заев во наводно прислушуваните аудио снимки кои во моментов ги објавува Заев вели дека премиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се пазареле за промена на Уставното име со грчки претставници.
Тој појасни дека не станува збор за информации од преговарачкиот процес кој се води со посредство на ОН, туку со андергаунд посредници и посердници од негова доверба од јужниот сосед Грција.
Од еден од разговорите се слушаат варијантите за името со кои власта би била согласна да оди на референдум – освен горна или северна, имало варијанта со две нови придавки, независна, суверена или демократска Република Македонија, па во заграда горна, вардарска…
Заев тврди дека разговорите се скандалозни, a во нив не чувме ништо ново освен она што јавноста веќе го знае, предлозите за кој веќе е чуено – дека грците притискаат со свои предлози, а ние даваме наши и ги одбиваме нивните во надеж дека на крајот ќе се најде компромис кој нема да ја загрози Македонија.
Слушнете и проценете сами – ЛИНК ДО ВИДЕОТО