Ако во дворот најдете змија, снаоѓајте се сами – нема служба која може да ја викнете


Доколку во вашиот двор се појави змија, најдобро ќе биде самите да се снајдете и да ја тргнете, оддалечите или, пак, барем да не ја вознемирите, затоа што ако започнете да вртите по институциите за помош и совет, нема да добиете никаква помош.

Нова Македонија се обидела да најде која служба е надлежна но ЏАБЕ – прво вртеле кај градските институции. „Паркови и зеленило“ велат дека единствено што можат да направат е да се трудат колку што е можно почесто да ги косат тревните површини, за змиите да не се кријат во високите треви.zmije-500x281

Центарот за управување и кризи. Вработената оттаму само ги упати на дежурниот телефонски број 195. Оттука, пак, нѐ упатија кај, како што велат, едно момче што лани им излегувало во пресрет на граѓаните што имале несреќна средба со змија или, пак, да се јавиме во Зоолошката градина.

Зоолошката градина културно објасни дека тие немаат тело што се занимава со такви работи.  Агенцијата за храна и ветеринарство, односно Ветеринарниот инспекторат никој не ни одговори. „Комунална хигиена“ рекоа дека тие немаат ниту опрема ниту надлежност за фаќање змии.
Во понатамошната желба да дознаеме како граѓаните се справуваат со ваквите ситуации успешно го пронајдовме и момчето за кое ни говореше вработениот во ЦУК. Станува збор за Војо Иванов, активист за заштита на животните, кој минатото лето имал полни раце работа со вакви случаи.
– Зошто институциите немаат стратегија како да се справат со овој проблем не знам, но можам да ви кажам дека десет години одговарам на сите повици упатени преку МВР и Центарот за управување со кризи, на волонтерска основа. Сѐ се завршува со „благодарам многу“ – вели Иванов.
Според него, не е решение да се продолжи на овој начин.

– Редно е да се формира единица, која ќе биде обучена да се справи со овие ситуации.

Повеќе на Нова Македонија.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1