Поради снимањето на филмот „Сулејман Величествениот“, во српското село Иваново е подигнат мал филмски град, но мештаните се бесни на филмската екипа бидејќи не можат да дојдат до своите ниви.
А прва на мета е Хурем, односно Мерјем Узерли, која ја игра главната улога во ова остварување.
– Не можеме да поминуваме кога ние сакаме, туку кога тие ќе ни дозволат. Ние живееме од земјоделие. Не можеме да си одиме в поле, крадците ми го крадат компирот. Не можеме да поминеме да сееме пченка бидејќи филмот се снима на јавна површина. Има да дојдам со трактор, да влетам на сет и да излезам на насловна страна „Унгарец со бугарско потекло ја прегази Хурем во Иваново“ – изјавил мештанинот Јозо Телбис.