Косовскaта полиција спречи голема трагедија во селото Мушутиште во општина Сува Река.
Полицијата активирала експлозивна направакои непознати лица ја ставиле во селото во кое денеска раселените Срби доаѓаат во разрушениот манастир Света Тројца да го одбележат празникот.
Командирот на косовкста полиција потврди дека утрово нешто пред доаѓањето на Србите е деактивирана бомба. Околу стотина Срби денеска дојдоа во придружба со полицја и специјалци во разрушениот манастир Света Тројца во селото Мушутиште за да го одбележат празникот.