Во обид да му помогне на сопругот кој се нашол под трактор во движење и да го извлече и таа се нашла под него и се здобила со тешки повреди од кои подоцна починала во Демир Капија.
Тракторот кој бил паркиран во дворот одеднаш се придвижил и со задното десно тркало го зафатил седумдесет годишниот Л.А. Потоа го завлекол во внатрешноста на тракторот и човекот паднал на земја со видливи телесни повреди по телото.
Во моментот на несреќата во дворот била присутна и неговата сопруга шеесет и осум годишната Катерина А. Кога се наведнала да му помогне на сопругот ја зафатило задното десно тркало од тракторот во движење и ја повлекло.
Соседот кој бил во близина се обидел да им пружи помош и веднаш повикал итна медицинска помош од Неготино. За жал сопругата не издржала и на пат кон Ургентен центар во Скопје им подлегнала на повредите.
Увид на местото на трагедијата извршил јавен обвинител од Кавадарци и увидна полициска екипа од Неготино.