Компанијата која ги произведува ракетите открива: “Малезискиот авион е урнат со украинска ракета!”


Компанијата која го произведува ракетниот систем “Бук”, соопштила денес дека малезискиот авион на летот “MH17” бил соборен од стара верзија на ракетите, кои не ги користи руската војска, туку потекнуваат од украинскиот арсенал.

Доколку малезискиот “Boeing” над Украина бил соборен од системот “Бук”, тогаш тоа може да биде само “Бук-М1”, кој го има украинската војска, тврди Михаил Малишевски, советник на главниот конструктор на Концернот “PVO Almaz Antej”.

avion ukraina

“По анализата на остатоците од авионот, беше извршена и анализа на типовите ракети кои ги произведуваат сите претпријатија на концернот, и се дојде до заклучок дека најверојатно се работи за типот на ракета “Бук-11″”, објаснил Малишевски.

Специјалистите од рускиот концерн “Almaz-Antej” установиле дека патничкиот авион, кој бил соборен на истокот на Украина, бил урнат со противвоздушна ракета.

Патничкиот авион “Boeing 777”, кој летал од Амстердам кон Куала Лумпур, бил соборен во Доњецката област минатото лето.UKRAINE-RUSSIA-CRISIS-MALAYSIA-ACCIDENT-CRASH

Во него ималo 298 лица, меѓу кои 85 деца и 15 членови на екипажот. Киевските власти за падот на авионот ги обвиниле бунтовниците од Донбас.

Во прелиминарниот извештај од официјалната истрага се вели дека “авионот бил поделен на два дела за време на летот, поради структурални оштетувања од надворешни влијанија и високоенергетски објекти”, но изворот на тие објекти не бил пронајден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1