Доколку некогаш сте гледале собраниски или парламентарни дебати на телевизија, знаете дека тие можат да бидат заморни. Еден член на бразилскиот парламент времето го скратил со порнографија.
Бразилскиот политичар Жоао Родригез малку се „заиграл“ и очигледно заборавил дека е опкружен со камери. Имено, една од нив го снимила додека гледа порнографија среде дебата во бразилскиот парламент.
Тоа, претставникот од Социјалдемократската партија, толко го забавувало така што експлицитниот материјал одлучил да го сподели со останатите политичари кои со задоволство му се придружиле. Во исто време траело изгласувањето на изборните реформи за кои пратениците очигледно не биле премногу заинтересирани.
Жоао Родригез одлучил на Бразилците да им се извини преку Фејсбук и им објаснил дека спорното видео го примил по пат на групната порака на Ватсап (WhatsApp), пишува австралиски „Њуз“.
– Зачленет сум во речиси стотина групи на Ватсап и секој ден го чистам „отпадокот“. Она што ме интересира го задржувам или го проследувам понатака. Она што не ме интересира го бришам. Тоа и го правев во парламентот – го бришев „отпадокот“ – објаснил Родригез на Фејсбук.