Русија го возвраќа ударот: Еве кој се најде на руската „Црна листа“


Москва објави листа со имиња на европски политички челници на коишто им е забранет влезот во Русија, изјави во петокот холандскиот премиер Марк Рутеи, оценувајќи дека станува збор за реакција на европските санкции воведен по присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим и судирите во рускојазичниот исток на Украина.

„Русија вчера на некои европски амбасади им испрати список со лица коишто повеќе нема да можат да влезат на руска територија, изјави на прес-конференција холандскиот премиер Марк Руте, додавајќи дека на тој список има тројца холандски парламентарци.NATO-pakt-Rusija-620x350-550x300

Москва листата со 80 до 90 имиња ја објавува како одговор на санкциите и забраната за влегување на европска територија за политичари од Русија и проруски од Украина, како и за високи претставници на руските компании, откако во март 2014 година црноморскиот полуостров Крим, на кој е доминантно руското и рускојазичното население изгласа преку референдум враќање на автономијата укината од украинските власти и присоединување кон Руската Федерација. Западот ова го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, а исто така ја обвинува Русија за нејзината наводна улога во конфликтот во рускојазичниот исток на Украина.

Портпарол на европската дипломатија изјавил за AFP дека Русија последните месеци забранила влегување во земјата за некои од европските политички челници, но досега не сакала да го објави списокот на тие лица.

На тој список е и претседателот на либералната група во Европскиот парламент и поранешен белгиски премиер Ги Верхофстад, изјави за AFP неговиот портпарол Јероен Реијнен. „Верхофстад не може да влезе во Русија, бидејќи е на црната листа со уште осумдесетина луѓе, рекол.

„Руската листа не се темели на меѓународното право, не е транспарентна и не може да биде оспорена на суд“, се пожали Марк Руте.

Претходно заменикот министер за надворешни работи на Русија потврди за руските медиуми дека постои црна листа на непосакувани личности и оти Москва доследно ја применува политиката на необјавување на имињата од ваквите листи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1