Дојдоа странци и ни истегнаа уши: Погледнете ги фаците на Заев и Груевски – кој е лузер??


Нови предвремени избори во април идната година договориле лидерите на четирите најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по 8 часа преговори во резиденцијата на ЕУ амбасадорот во скопско Пржино.
Во изјавата по средбата еврокомесарот, периодот дотогаш го нарече транзициски, во кој ќе треба да се создадат услови за фер натпревар, но не соопшти дали има договор и која влада ќе ги организира. Финалниот договор, како што рече, ќе биде постигнат следната среда во Брисел.Screenshot_89

За едните победник е Заев, бидејќи Груевски отстапил од својата цврста позиција од пред неколку месеци, дека предвремени избори нема да има. Сите тие од најсигурни извори во Брисел слушнале дека преодна влада ќе има, па дури и дека во неа нема да има место за Груевски. „Најхрабрите“ од нив искочија и со листа барања, од која дел нема никаква врска со избори, како на пример целосен прекин на проектот Скопје 2014!

Од другиот табор воопшто и не зборуваат за преодна Влада, туку го слават моментот дека опозицијата ќе мора да се врати во институциите, а народот на избори ќе реши кој ќе го добие следниот мандат. И тие уверени во себе го слават секој компромис како победаScreenshot_92

Сепак се чини победници и лузери нема – зошто изгледа за ништо не не бива сами па мораше да дојдат странците да ни ги истегнат ушите. Сепак погледнете ги фаците на Заев и Груевски при давањето на изјавата на Хан по средбата… Може да препознаете кој е лузер а кој победник?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1