Исплатата на регресот за годишен одмор веројатно ќе стане незадолжителна. Работодавачите бараат да се укине ваквата обрска и предлагаат да се воведе опција парите за годишен одмор на работниците да бидат исплатени само доколку компанијата има пари.
Прво двете здруженија на работодавачите, а сега и Комората на Северозападна Македонија бараат да престане законската обврска за исплата на регресот за годишен одмор, за што е потребна измена на Колективниот договор за стопанството
Според информациите следната недела работни групи од работодавачи и синдикати ќе почнат преговори за промена на општиот колективен договор за приватниот сектор. Како опција ќе се понуди исплата само доколку компанијата има пари.
Неодамна од организацијата на работодавачи посочија дека за ваквиот предлог има позитивни сигнали од синдикатот. Кога се воведе законската обврска за исплата на К15 дел од фирмите сигнализираа дека тоа влијае врз нивната финасиска кондиција, во состојба кога некои земаа и кредити за да ги финасираат тековните трошења. За неисплата на К15 предвидена е глоба од две до три илјади евра за правното лице и до илјада евра за одговроното лице.