Банкоматите крадат пари: Ако извадите 100 евра ќе загубите околу 500 денари


Една од најпосетуваните летни дестинации за Македонците е Хрвтска, па доколку летово се најдете јадрапот најдобро ќе биде да не вадите пари од банкомат, пишуваат хрватските медиуми.

Според текстовите објавени таму, банкоматите на неколку хрватски банки им обезбедуваат значителен профит на банките така што за едно евро наместо 7,5 куни, колку што е курсот во Хрватска, исплаќаат суми под 7 куни.

bank

Преведено во „наши“ пари, наместо околу 61 денар за евро, исплаќаат околу 56 денари.

Хрватските медиуми велат дека банките вовеле т.н. “динамичен курс“ кој во текот на туристичката сезона ќе им овозможи значителен профит, или на 100 евра, тие ќе заработат околу 500 денари.

Македонските туристи често ја избираат Хрватска како своја дестинација за летниот одмор. Затоа, препораките се да не вадите пари во кеш од банкоматите.

ZaSe.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1