Сообраќајка во Скопје: Загина момче – 6 повредени во верижен судир


Едно лице загина, а шестмина се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа, половина час по полноќ се случила на улицата „Лазо Трповски“ во Скопје.

Од полицијата за Курир велат дека во несреќата учествувале три автомобили, сите со скопски регистерски таблички, „Ауди“ управувано од 20-годишниот С.А., „Ровер“ кој го управувал Амир Б. (22) и автомобил „Сеат“ кој го возел 42-годишниот Б.Е.

soobrakajka - brza pomos

 

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на Роверот кој со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на истите.

Во страшната несреќа полесно повредени се и другите двајца возачи, како и четворица сопатници кои се наоѓале во автомобилите, Б.А. (24), Е.И. (21), А.Е. (18) и А.Е. (19). Истите се пренесени во Ургентниот центар и во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и работи на расчистување на истата.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1