Драма на аеродромот во Сараево: На патнички авион при слетување му пукнаа гумите


При слетувањето на сараевскиот аеродром синоќа на авионот на Туркиш ерлајнс му пукнале двете задни гуми, пренесуваат босанските медиуми.avion gumi

Авионот летал од Истанбул на редовната линија во 19.10 часот, а за време на слетувањето завладеала паника помеѓу патниците.

-Авионот слета безбедно на сараевскиот аеродорм, никој од батниците не е повреден. Сеуште се работи на замена на гумите за авионот да може да се врати назад во Истанбул, потврди стручната соработничка за односи со јавност на Меѓународниот аеродром Сараево Белма Ќурековиќ за босанските медиуми.

Овој инцидент не влијаеше на останатите редовни летови на сараевскиот аеродром.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1