Заев прифатил мораториум на „бомбите“ до 10 јуни, потоа битката се радикализира!


Преговарачкиот тим на опозицијата на чело со Зоран Заев нема да прифати преодна влада на чело со Никола Груевски дури и по цена преговорите на 10 јуни во Брисел целосно да пропаднат, а со тоа да пропадне и она што е договорено во Скопје, односно предвремени избори во април, брифира функционер од опозицијата, пренесува Кирилица.мкzaev sdsm

Истиот извор информира дека Заев прифатил мораториум на таканаречените „бомби“, односно да не објавува снимани аудиоразговори до преговорите во Брисел на 10 јуни.

– Доколку се постигне договор во Брисел за преодна влада без Груевски, веднаш ќе се почне со формириање работни групи кои ќе ги подготвуваат потребните законски измени за во април да се одржат избори. Тоа би подразбирало и брзо враќање на опозицијата во Парламентот. Во спротивно, ќе следува подинамичен, односно порадикален пристап, и со бомбите и со протестите – вели политичар од потесното опкружување на Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1