685 илјади евра за опозициските пратеници за седење дома


Дента кога беше постигнат договорот на лидерската средба за нови парламентарни избори на сметките на 31 народен избраник од редот на СДСМ стигна 12-тата по ред пратеничка плата од околу 1.200 евра.denari

Kако што е познато, Собранието редовно им исплаќа плата на опозициските пратеници. Тоа значи дека на народниот избраник, чиј мандат е верификуван, му тече стаж, му се плаќаат придонеси, но и му се исплаќа плата (околу 1.200 евра, односно околу четири просечни плати). Во согласност со пресметките за плата на пратеници, ова значи дека секој од пратениците од листите на партијата на Зоран Заев досега добил по околу 15.000 евра.

Притоа опозиционерите земаат цел месечен доход без да им биде скратен ни денар поради нивното отсуство иако постојат одредби во собранискиот Деловник и во Законот за Собранието за казни за пратениците што неколкупати едноподруго нема да учествуваат во работата на Собранието и во неговите тела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1