Застрашувачка репортажа за Македонија: Албанска мафија во Македонија киднапира имигранти за откуп


Албанска мафија во Македонија грабнува имигранти кои секојдневно минуваат низ државата на пат кон западна Европа, ги држат во една куќа во албанското село Ваксинце и бараат за нив откуп, јавува Channel 4.

На сајтот на британската телевизија во саботата како водечка вест е поставена репортажата, која во Македонија ја направила новинарката Рамита Наваи.migranti pruga

Притоа се наведува дека организираната група ги качува имигрантите во товарни возови на граничниот премин на Македонија со Грција кај Гевгелија и се превезуат во вагони без прозорци во кои е топло како во печка.

Стотина имигранти секоја недела не пристигнуваат во Србија како што е планирано, бидејќи со возови ги грабнува албанската мафија.

Ги чекаат лица вооружени со стапови и ножеви и кога имигрантите изнемоштени ќе излезат од металните вагони принудувани се да одат два часа во насока кон север до малото село Ваксинце, населено со етнички Албанци.

Во ова село се наоѓа куќа во која се држат заробени имигрантите. Во неколку мали соби има толку многу луѓе што не е можно да се дише, а кога спијат лежат едни преку други.

Невозможно е да се побегне, бидејќи околу куќата 24 часа кружи патрола од вооружени лица. На една видео снимка се гледа како чуварите тепаат имигранти.

Единствен излез им е да платат откуп од 500 до 1.000 евра, по што може пешки да се упатат кон Србија. На државјаните на Сирија им се наплаќа повеќе бидејќи се сметаат за побогати, наведува британски Channel 4

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1