Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите.
Во тревникот кај КБ Првото пензиско друштво, веднаш спроти зградата на Владата, се појави поскок, долг околу 50 см, кој веднаш беше уловен, пишува Република.
Поскокот е најотровната змија во Македонија. Наездата на змии досега испрати петмина граѓани на инфективна.
Се препорачува да се избегнуваат повисоки треви и да се внимава каде се гази.