Добил 90 милиони евра на лотарија, а се уште не се јавил да ги подигне


Добитникот на 90- милиони евра евра се уште не се јавил во лотаријата во Чешка за да си ги подигне парите.

Пред речиси три седмици тој ги погодил броевите во играта „Џекпот“, а доколку до крајот на месецот не се јави за добивката, парите ќе и бидат вратени на лотаријата, пренесува германски „Билд“.loto

Ливчето било уплатено во малото место покрај градот Пардубице. Среќниот добитник кој освоил 7.500 пати поголема просечна плата во Чешка, со освоените пари може да живее 98 години во луксузен апартман во хотел.

Шпекулациите за тоа зошто досега не се јавил се разни. Некои шпекулираат дека добитникот се уште нема сметка во банка, ниту пак има несредени семејни односи. Некои наведуваат дека од силната среќа можеби доживеал срцев удар.

Лотаријата не го бара добитникот и веруваат дека тој сам ќе се јави. Ако сепак не се јави, лотаријата ги добива парите. Но, сепак не сметаат на тоа и велат дека досега никогаш не се случило добитникот да не се јави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1