Дете во Скопје испило дијазепам од чантата на бабата- борба на лекарите на Детска клиника


Четиригодишно дете од Скопје викендот се наголтало диазепам. Лековите ги нашло во торбата на бабата, објави Сител. Од љубопитност испило неколку апчиња кои му личеле на бомбони.

Четиригодишно дете од Скопје викендот се наголтало  диазепам. Лековите ги нашло во торбата на бабата. Од љубопитност испило неколку апчиња кои му личеле на бомбони. Почнало да се зашеметува и родителите веднаш го однеле на Клиниката за детски болести. Како итен случај го примиле на одделот за Интензивна нега.  Брзата лекарска реакција го спасила животот на малото скопјанче.detska klinika

-Беше во да кажам критична состојба. Добро е што зневме што испило затоа што ние имаме терапија за против ефект од овој лек. Сега е добро. Но овие лекови можат да предизвикаат кома кај децата. Зашеметеност, спиење, неможност да бидат разбудени и многу други работи, вели Аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести

Детето е спасено, но приказната според Софијанова не завршува овде. Овој како и бројните вакви случаи од минатото треба да бидат довболен аларм до родителите – лековите подалеку од дофат на деца. Истото важи и за средствата за хигиена кои исто така можат да бидат фатални за најмалите.

-Имавме случај со дете што испило солна киселина па работевме заедно со колегите од Уво, нос и грло. Значи мора да се внимава и сите тие работи да не бидат околу децата. Особено за оние на 2,3,4 па и 5 години кога се многу љубопитни, вели Софијанова.

На директорката на Детската клиника се уште и е свежа случката од пред неколку години кога на дежурство примила дете затруено со лекови за срце. Борбата за живот била долга, но мисијата  успешна. Затоа апелира до родителите да внимаваат на своите деца бидејќи невниманието и љубопитноста можат да бидат фатални.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1