Телото на 10- годишниот Ѓорѓе Пантиќ од Врбовско, кој во четвртокот се удавил во Дунав, вчера го извадиле нуркачи.
Другарите на малиот Ѓорѓе, молчеле за неговата смрт, пренесува српски Блиц. Како што соопштуваат, децата попладнето после капење си заминале дома, но никој на родителите не кажал дека Ѓорѓе исчезнал, па по инсистирање, тие признале дека момчето се уавило.
По завршувањето на учебната година, Ѓорѓе сакал да прослави заедно со другарите, па заминале да се капат во Дунав. За жал не се вратил, бидејќи водата го повлекла, а според неофицијални извори тој не знаел да плива.
Мајката на десетгодишното дете, бидејќи не се вратил дома, повикала полиција, а по неколку часа трагање телото е пронајдено. На извлекувањето на телото од реката присуствувал и мајката за да го идентификува.
„Имав пет синови и пет ќерки, сега останав без едно дете“, изјави мајката.