Релативно мистериозен документ – не многу долг, не многу елегантно напишан, само 3.500 зборови на средновековен латински јазик нечитко ставени на една страница пергамент, тоа е Големата повелба.
И како приемер за тоа колку возбудливо може да биде едно старо парче хартија, во 2007, милијардерот филантроп Дејвид М. Рубинштајн плати 21.300.000 долари за да купи една подоцнежна верзија, а потоа го позајми за стално на Државниот архив, каде што секој може да ја види на екран.
На 15 јуни, 800-от роденден на Магна карта се одбележува со богата церемонија во Runnymede, ливада во близина на Виндзор, каде што пред 8 векови кралот Џон од Англија капитулираше пред барањата на бароните и го стави својот кралски печат на оригиналниот документ.
Оригиналната Магна карта стана основа за голем број на последователни договори во текот на годините, потпишана повторно и повторно од разни кралеви, кулминирајќи во подефинирана верзија во 1297, една од тие копии г-дин Рубинштајн ја купи за Националниот архив.
Но, беа потребни векови подоцна Магна карта да „воскресне“, и реинтерпертирана да се втемели како голем симбол на владеењето на правото. На неа се повикуваа во раните денови на американските колонии, повторно за време на подготовката на Уставот, и безброј пати од тогаш.