Аферата жиранти од битослкито народен театар денес повторно е актуелна по донесувањето на ослободителната пресуда за измама и злоупотреба на должност на актерот и поранешен директор на битолскиот Народен татар Сашо Огненовски и раководителот на штедилницата фулм Васко Петровски од Основниот суд Битола по враќањето на предметот од Апелација на повторно разгледување, пишува ТВ Орбис.
Слично како и во 2010 година кога изби аферата жиранти од битолскиот народен театар кога никој од потписниците не сакаше да говори пред камера, денеска храброст да проговори пред камера имаше само актерката Елена Моше. Инволвираните во овојпроцес актерот и поранешен директор на битолскиот театар Сашо Огненовски и раководителот на штедилницата Фулм , Васко Петревски од Основниот суд во Битола добија ослободителна пресуда по враќањето на предметот од Апелациониот суд на повторно разгледување. Претходно од првостепениот суд беа осудени на 2 години затвор. Елена Моше вели дека и покрај ветувањата Огненовски не и ги враќал парите за кредитот , со што таа била оштетена за 4 000 – 5000 евра.
Актерката Елена Моше вели дека пропаднатите пари и правдата ќе мора да ја барапреку граѓанска парница.
Во мрежата „афера жиранти“ на битолскиот театар беа фатени 15 актери од театарот и едно лице од битолскиот музеј. Актерот Сашо Огненовски барал од своите колеги, без да знаат еден со друг, да му бидат потписници на кредити кои ги подигал, со ветување дека редовно ќе ги исплаќа.