Титаник повторно ќе заплови


Наскоро во Кина ќе биде отворена брилијантна реплика на легендарниот потонат брод „Титаник“. Секој детал во потполност е копиран и ќе може целосно да се искуси луксузот во кој уживале патниците.titanik2

Посетителите ќе имаат можност да се вратат 103 години наназад и да го почуствуваат моментот кога Титаник удрил во големиот мраз, благодарение на специјални звучни и светлосни ефекти.

За репликата се потрошени околу 130 милиони евра, а изградбата на вистинскиот изнесувала речиси 8 милиони евра. Сместувањето ќе чини околу 400 евра во најевтината кабина, а за луксузно сместување ќе се плаќа и до 10.000 евра за вечер. Бродот се наоѓа во реката Дајин Ки, во провинцијата Сичуан, а изграден е од компанијата „Qixing Energy Investment Group”. Отворањето ќе биде на 15 јуни.TITANIC-HISTORY-100YEARS-DISASTER-BRITAIN-SOUTHAMPTON

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1