Во Босна продолжи судењето за Елдар кој си го уби своето 4-месечно бебенце во нивниот дом, минатата година.
Според наодите од обдукцијата се покажа дека бебето имало модринки на целото тело, модри му биле очните капаци, имало повеќе крвни подливи, имало нагмечување на ткивото на мозокот, а скршени му биле и ребрата од двете страни. Смртта секако настанала на насилен начин бидејќи детето било цело со модринки и скршеници.
На Суд се појавила и невенчаната сопруга на Елдар кој се товари за убиството.
– Станав тој ден да го нахранам детето и отидов на работа. Кога дојдов на работа ми стигна порака дека детето многу плачело и дека сакал да му ја искубе косата. Потоа ми се јави и ми кажа дека бебето умира бидејќи се задавило додека јадело, вели таа и признава дека често го тепал бебето со полнач од мобилен.